Close Menu
    Најново

    МВР со итен апел: Не ги отворајте пораките за „пратки од пошта“, тоа е стапица

    16.01.2026 во 13:32

    (ВИДЕО) Драма на Шар Планина: Диви ратраци ги загрозиле животите на ренџерите

    16.01.2026 во 13:20

    Јаневска потврди: Учениците се враќаат во клупите на 20 јануари

    16.01.2026 во 13:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • МВР со итен апел: Не ги отворајте пораките за „пратки од пошта“, тоа е стапица
    • (ВИДЕО) Драма на Шар Планина: Диви ратраци ги загрозиле животите на ренџерите
    • Јаневска потврди: Учениците се враќаат во клупите на 20 јануари
    • Мицкоски: Предвидени се над 160 проекти во образованата инфраструктура
    • Мицкоски од Кратово: Продолжуваме со поддршка за проектите што се во интерес на граѓаните
    • Двајца малолетници од Штип паднаа во рацете на полицијата – фатени на дело како фрлаат марихуана
    • Расчистена тешка кражба во Струга: Уапсен крадец, полицијата му влезе во домот и ги пронајде украдените предмети
    • Жерновски: Суспензијата на американските визи е аларм, Мицкоски ја стави државата на „црна листа“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » МВР со итен апел: Не ги отворајте пораките за „пратки од пошта“, тоа е стапица

    МВР со итен апел: Не ги отворајте пораките за „пратки од пошта“, тоа е стапица

    16.01.2026 во 13:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци.

    Најчести се лажните СМС пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите. За ваков вид на измами изминатава година до Секторот за компјутерски криминал има пристигнато над 50 пријави.

    Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.
    Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

    Популарно

    Подгответе се за екстремно ладно време: По 20-ти јануари нè чека „Сибирска експлозија“ со -25 степени

    16.01.2026 во 10:00

    Ужас на автопатот „Милош Велики“: Се судрија девет автомобили и камион

    16.01.2026 во 10:43

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.01.2026 во 09:07

    Хаос на аеродромите поради новиот ЕЕС систем: Се чека и до три часа за влез во ЕУ

    16.01.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.