МВР со детали за трагедијата на Пониква: Жена починала на лице место

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква.

-На 28.02.2021 околу 02:00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, патничко возило „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, управувано од 38-годишниот И.А. од село Облешево, кочанско, излетало од коловозот. Сопатничката 31-годишната М.Б. од село Прибачево, кочанско,  починала на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другата сопатничка, 28-годишната Е.Г. Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега