Лишени од слобода 10 возачи, управувале возило без положен возачки испит
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, односно затоа што управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.А.(33), Д.Т.(29), Љ.Џ.(22) и С.М.(19), сите од Скопје, Ф.Б.(32) и М.О.(36) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.А.(44) од с.Петровец, скопско, М.М.(25) од с.Батинци, скопско, 24-годишната В.Ѓ. од Тетово и М.Ј.(34) од Неготино, кој бил и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


