Мурати: Курти покажа дека нема храброст да потпише договор со Србија

Претседателот на косовската партија Движење за обединување, Ваљон Мурати го оцени за „несериозен“ пристапот на Владата на Албин Курти кон дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мурати во интервју за „Економиа онлајн“ кажа дека ситуацијата во преговорите со Србија е на штета на Косово.

„Господинот Куррти дојде на власт и го критикуваше целиот процес на дијалог. Јас мислам дека тој нема да потпише ништо и тука станува збор за немање храброст и водење политика заоснована на популизам. Ние имаме потреба од храбри политичари“, вели Мурати.

15.05.2022 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега