Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во Тирана, каде што ќе учествува на министерскиот состанок на тема „Коридор 8 во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.
Муцунски присуствува на настанот на покана од министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали.
Според информациите од ресорното Министерство, на средбата ќе се разговара за тековните инфраструктурни проекти што се реализираат долж Коридор 8, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите учеснички. Ќе се нагласи потребата од засилена политичка координација и ангажман со цел поефикасно спроведување на планираните активности.


