Close Menu
    Најново

    Муцунски во Истанбул: Шефот на дипломатијата на средба со Фидан за зацврстување на балканскиот мир

    22.01.2026 во 15:21

    Ригорозен предлог закон: Се забранува рекламирање цигари на Фејсбук и Инстаграм, нема веќе ниту изложување по трафики

    22.01.2026 во 15:01

    Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026

    22.01.2026 во 14:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски во Истанбул: Шефот на дипломатијата на средба со Фидан за зацврстување на балканскиот мир
    • Ригорозен предлог закон: Се забранува рекламирање цигари на Фејсбук и Инстаграм, нема веќе ниту изложување по трафики
    • Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026
    • Грипот „коси“: Регистрирани над 2.000 нови случаи, починале три лица
    • Изводите од матично од денес се вадат само со неколку клика
    • Клековски најави ново зголемување на платите во здравството
    • Драматични сведоштва за „Онкологија“: Едни бараат казна, други му благодарат на Нино Васев
    • Кривична пријава за скопјанец: Со пушка им се заканувал на жената и децата – имал 71 куршум
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Муцунски во Истанбул: Шефот на дипломатијата на средба со Фидан за зацврстување на балканскиот мир

    Муцунски во Истанбул: Шефот на дипломатијата на средба со Фидан за зацврстување на балканскиот мир

    22.01.2026 во 15:21
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.

    Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.

    Министерот Муцунски ќе се обрати на состанокот, при што се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.

    На маргините на состанокот е предвидено министерот Муцунски да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.

    Популарно

    Падна полицајка од Штип: Го информирала брат и дека полицијата ќе демне со дронови

    22.01.2026 во 12:37

    Карлеуша го пријави Душко во полиција: Додека таа е во Дубаи и ги сменил бравите од станот

    21.01.2026 во 22:59

    Администрацијата на Трамп почна операција против имиграцијата во Мејн

    21.01.2026 во 22:37

    РКЕ најавува воведување паметни броила за сите граѓани – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката

    22.01.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.