Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски до Брисел: „Оценувајте нè според заслугите, Европската интеграција треба да ги менува институциите, не идентитетите“

    Муцунски до Брисел: „Оценувајте нè според заслугите, Европската интеграција треба да ги менува институциите, не идентитетите“

    01.09.2026 во 10:193 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија треба да му даде поголемо политичко и стратешко значење на процесот на проширување, особено во услови на актуелните геополитички превирања, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

    Говорејќи на министерската сесија посветена на геополитичките промени, безбедноста, коридорите и проширувањето на ЕУ, која се одржа во рамките на Бледскиот стратешки форум, Муцунски оцени дека напредокот на земјите кандидати треба да биде соодветно препознаен.

    Според него, доколку Европа сака да одговори на современите геополитички предизвици, процесот на проширување не може да се сведува само на административни процедури.

    „Кога земјите кандидати постигнуваат напредок и се целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, тој напредок мора да биде видлив“, порача Муцунски.

    Тој посочи дека инфраструктурното поврзување на регионот треба да оди паралелно со политичката посветеност кон проширувањето. Според него, претходните проширувања на Унијата биле овозможени не само поради исполнување на критериумите, туку и како резултат на политичка волја и проценка дека членството на нови држави е во европски интерес.

    Како можен пресврт во регионот, Муцунски го посочи сценариото во кое неколку земји од Западен Балкан би станале членки на ЕУ.

    „Тоа би било доказ дека зборовите ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме со години, конечно се претвориле во конкретна политика“, истакна тој.

    Министерот оцени и дека сигналите од Брисел во однос на новиот пристап кон проширувањето се охрабрувачки, но нагласи дека европската интеграција за Македонија треба да значи институционална и демократска трансформација, а не промена на идентитетот.

    „Нашето барање е јасно – оценувајте нè според заслугите и според тоа колку сме усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“, рече Муцунски.

    Во своето обраќање тој ги спомена Словенија и Хрватска како пример дека државите во регионот можат да ги надминат историските предизвици и да изградат стабилни односи. Според него, нивното искуство може да биде дополнителен поттик за земјите од Западен Балкан да ја зајакнат меѓусебната соработка и отпорност.

    Муцунски се осврна и на безбедносните ризици со кои се соочува регионот, меѓу кои руската агресија врз Украина, активностите на Кина и Иран, но и современите форми на закани како сајбер-влијанието и економскиот притисок.

    Членството во НАТО, како што посочи, е значајна предност бидејќи овозможува размена на информации, координирани политики и заедничко дејствување во насока на зајакнување на отпорноста и одвраќањето.

    Посебно внимание било посветено на транспортните Коридори VIII и X. Муцунски нагласи дека Македонија има стратешка позиција бидејќи двата коридора се вкрстуваат на нејзина територија, што ја прави инфраструктурата важен фактор не само за економијата, туку и за политичката и безбедносната стабилност.

    „Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура“, порача Муцунски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.