Close Menu
Press24
    Најново

    По продолжениот викенд ни доаѓа уште еден празник – Наскоро ќе одмориме, уште 4 неработни денови годинава

    31.08.2026 во 08:26

    Утрото навестува пеколен ден, температурите во 8 часот низ Македонија – Попладне невреме

    31.08.2026 во 08:18

    Ковачки: Од 1 септември ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за нови членови и воведува дигитално ажурирање

    31.08.2026 во 11:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски до Брисел: „Оценувајте нè според заслугите, Европската интеграција треба да ги менува институциите, не идентитетите“
    • Сиљановска-Давкова со порака до првачињата: „Бегајте од насилството, бидете другари – нема подобар пријател од книгата“
    • ФОТО: Полицијата влезе во скопско – Уапсено едно лице
    • Стигнаа исплатите од ФЗО: Над 623 милиони денари за осигурениците во август
    • Ќерката на Харис Џиновиќ на мета на критики поради својата објава: „Му посакуваш смрт на татко ти”
    • „Училиштето мора да биде безбедно место за секое дете“ – Порака од Народниот правобранител за новата учебна година
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Градиме таму каде што со години не се градело – Вака ќе изгледа мостот и влезот во Скопје
    • САД ја вратија Русија на Г20 – Европа негодува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски до Брисел: „Оценувајте нè според заслугите, Европската интеграција треба да ги менува институциите, не идентитетите“

    Муцунски до Брисел: „Оценувајте нè според заслугите, Европската интеграција треба да ги менува институциите, не идентитетите“

    01.09.2026 во 10:193 Mins Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија треба да му даде поголемо политичко и стратешко значење на процесот на проширување, особено во услови на актуелните геополитички превирања, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

    Говорејќи на министерската сесија посветена на геополитичките промени, безбедноста, коридорите и проширувањето на ЕУ, која се одржа во рамките на Бледскиот стратешки форум, Муцунски оцени дека напредокот на земјите кандидати треба да биде соодветно препознаен.

    Според него, доколку Европа сака да одговори на современите геополитички предизвици, процесот на проширување не може да се сведува само на административни процедури.

    „Кога земјите кандидати постигнуваат напредок и се целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, тој напредок мора да биде видлив“, порача Муцунски.

    Тој посочи дека инфраструктурното поврзување на регионот треба да оди паралелно со политичката посветеност кон проширувањето. Според него, претходните проширувања на Унијата биле овозможени не само поради исполнување на критериумите, туку и како резултат на политичка волја и проценка дека членството на нови држави е во европски интерес.

    Како можен пресврт во регионот, Муцунски го посочи сценариото во кое неколку земји од Западен Балкан би станале членки на ЕУ.

    „Тоа би било доказ дека зборовите ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме со години, конечно се претвориле во конкретна политика“, истакна тој.

    Министерот оцени и дека сигналите од Брисел во однос на новиот пристап кон проширувањето се охрабрувачки, но нагласи дека европската интеграција за Македонија треба да значи институционална и демократска трансформација, а не промена на идентитетот.

    „Нашето барање е јасно – оценувајте нè според заслугите и според тоа колку сме усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“, рече Муцунски.

    Во своето обраќање тој ги спомена Словенија и Хрватска како пример дека државите во регионот можат да ги надминат историските предизвици и да изградат стабилни односи. Според него, нивното искуство може да биде дополнителен поттик за земјите од Западен Балкан да ја зајакнат меѓусебната соработка и отпорност.

    Муцунски се осврна и на безбедносните ризици со кои се соочува регионот, меѓу кои руската агресија врз Украина, активностите на Кина и Иран, но и современите форми на закани како сајбер-влијанието и економскиот притисок.

    Членството во НАТО, како што посочи, е значајна предност бидејќи овозможува размена на информации, координирани политики и заедничко дејствување во насока на зајакнување на отпорноста и одвраќањето.

    Посебно внимание било посветено на транспортните Коридори VIII и X. Муцунски нагласи дека Македонија има стратешка позиција бидејќи двата коридора се вкрстуваат на нејзина територија, што ја прави инфраструктурата важен фактор не само за економијата, туку и за политичката и безбедносната стабилност.

    „Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура“, порача Муцунски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова со порака до првачињата: „Бегајте од насилството, бидете другари – нема подобар пријател од книгата“

    01.09.2026 во 10:06

    ФОТО: Полицијата влезе во скопско – Уапсено едно лице

    01.09.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.