Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, каде го презентираше новиот концепт за економско зајакнување на државата преку дипломатската мрежа.

Целта на овој план е мобилизација на дипломатско-конзуларните претставништва за поддршка на македонските компании и привлекување на странски инвеститори.

„Имаме концепт во четири точки, кој значи мобилизација на нашите компании, на ресурсите во државата, но и нов модел на мобилизација на нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Овие мерки ќе значат поголема додадена вредност за македонската економија“, изјави Муцунски.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја поздрави иницијативата, нагласувајќи дека приоритет на ИКТ-индустријата е излезот на меѓународните пазари и потпишувањето договори со висока додадена вредност.

Exit mobile version