Дипломатијата, билатералната соработка и политичката координација на највисоко ниво остануваат во фокусот на средбите. Ова го порача Тимчо Муцунски денеска на Фејсбук.
-Во рамките на работната посета на чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, остваривме одделни средби со претседателот на Владата и претседателката на државата.
Разговаравме за билатералните односи, европската интеграција и партнерството во рамките на НАТО Алијансата. Го потврдивме традиционалното пријателство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна почит, доверба и блиски историски и културни врски.
Посебен акцент ставивме на европскиот интегративен процес и на важноста тој да биде фер, предвидлив и заснован на европски принципи и критериуми. Воедно, ја потврдивме заемната подготвеност за натамошно унапредување на политичката и економската соработка, како и за отворање нови можности за инвестиции и продлабочување на партнерството меѓу двете земји, напиша Муцунски.


