По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, пишува на социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка – како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така и за третманот на пациентите во нашата земја.

Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш, стои во објавата на Муцунски на ФБ.

Exit mobile version