Муцунски: Оваа кампања ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ, зашто власта не испорача

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, истакна дека оваа кампања ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта за три години не испорача, а партијата нуди надеж и програма базирана на реални проекти.

-Оваа кампања ќе биде успешна за ВМРО-ДПМНЕ,затоа што по низа неуспеси од власта, кое поле и вие да го погледнете оваа влада не испорача, и не успеа да ги постигне целите за кои дојде на власт, вели Муцунски.

 Муцунски критикуваше дека во програмата има проекти за владеењето на правото, економијата, реформи во образованието и здравството, а власта имала три години во кои можеше многу да направи, но по негово видување и по видување на голем дел од граѓаните оваа влада не успеа.

- Ние нудиме надеж, нудиме програма во 336 страници базирана на реални проекти, кои примарно мора да се справат со оваа здравствена криза која е многу сложена, да ја дигнат нашата економија и да обезбедат продуктивни работни места, да ја зацврстиме правната држава и да ја движиме Македонија на секое поле, како дигитализација и образованието, истакна тој.

Муцунски вели дека очекуваат реални промени и верува дека граѓаните препознаа прогресивен позитивен дух во ВМРО-ДПМНЕ, кој што ќе донесе победа на 15-ти јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега