Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја осуди употребата на хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ од страна на Русија врз Лвив, Украина, оценувајќи ја како опасна и неодговорна ескалација.
„Ја осудуваме употребата на хиперсоничната балистичка ракета ‘Орешник’ врз Лвив. Ова претставува неодговорна ескалација која ја загрозува регионалната и глобалната безбедност и дополнително го крши меѓународното право“, напиша Муцунски.
Тој истакна дека Македонија стои на страната на Украина и ја поддржува иницијативата предводена од САД и европските партнери за постигнување сеопфатен и траен мир, нагласувајќи дека ваквите напади само ги поткопуваат мировните напори.

