Close Menu
Press24
    Најново

    Акција во Центар: Уапсен турски државјанин, одгледувал канабис и организирал нелегални онлајн игри на среќа

    09.04.2026 во 12:18

    Сведоштва од пеколот во „Пулс“: Ако задоцневме 10 секунди, немаше да излеземе живи

    09.04.2026 во 12:14

    Подгответе се за голем пресврт: Следува облачно време, дожд и утрински мраз

    09.04.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Акција во Центар: Уапсен турски државјанин, одгледувал канабис и организирал нелегални онлајн игри на среќа
    • Сведоштва од пеколот во „Пулс“: Ако задоцневме 10 секунди, немаше да излеземе живи
    • Подгответе се за голем пресврт: Следува облачно време, дожд и утрински мраз
    • Новина за возачите: Со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубика – еве ги условите
    • ПОЦ со празничен режим: Бесплатен паркинг во Центар за Велигден, со еден исклучок
    • Цената на нафтата повторно расте поради страв од колапс на примирјето
    • Македонија утрово се разбуди со минусни температури: Измерени -4 степени
    • Одложено рочиштето за убиствата на Вања и Панче: Болест на еден од обвинетите ја сопре Апелација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Вашингтон: САД се наш клучен стратешки партнер, остануваме посветени на ЕУ интеграциите

    Муцунски од Вашингтон: САД се наш клучен стратешки партнер, остануваме посветени на ЕУ интеграциите

    09.04.2026 во 10:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија.

    Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, како и активната улога на државата како доверлив безбедносен партнер во рамки на НАТО и регионот.

    Тој се осврна и на напорите за унапредување на економската соработка, вклучително и тековните иницијативи за продлабочување на билатералните трговски односи со САД.

    Во контекст на европската интеграција, Муцунски ја реафирмираше стратешката определба на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, при што укажа на предизвиците поврзани со билатералните прашања и ја нагласи потребата од кредибилен и предвидлив процес на проширување.

    Дополнително, беа потенцирани приоритетите за зајакнување на регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан, како и значењето на трансатлантското партнерство во справувањето со современите безбедносни и геополитички предизвици.

    Настанот се одржа во рамки на иницијативата „Balkans Forward“ на Атлантскиот совет, со учество на претставници од политичкиот, академскиот и аналитичкиот сектор.

    Популарно

    Акција во Центар: Уапсен турски државјанин, одгледувал канабис и организирал нелегални онлајн игри на среќа

    09.04.2026 во 12:18

    Сведоштва од пеколот во „Пулс“: Ако задоцневме 10 секунди, немаше да излеземе живи

    09.04.2026 во 12:14

    Подгответе се за голем пресврт: Следува облачно време, дожд и утрински мраз

    09.04.2026 во 12:01

    Новина за возачите: Со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубика – еве ги условите

    09.04.2026 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.