Close Menu
    Најново

    Маж ја загрозил сигурноста на својата жена

    17.12.2025 во 23:41

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20

    Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

    17.12.2025 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Маж ја загрозил сигурноста на својата жена
    • Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко
    • Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава
    • Вашингтон со можен удар врз руската нафтена флота
    • ГП Евзони е нормализиран
    • Татко натепал соученик на неговиот син – интервенирала полицијата
    • Младата Јоана од Македонија се лекува во САД, потребна е финансиска помош
    • НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Муцунски од Брисел: ЕУ ги препозна реформите, но недостасува добра волја кај Софија

    Муцунски од Брисел: ЕУ ги препозна реформите, но недостасува добра волја кај Софија

    17.12.2025 во 13:58
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

    Во рамки на посетата, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е добредојдена и испраќа позитивен сигнал до целиот регион.

    Муцунски најави дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со лидерите од регионот и претставниците на Европската Унија, ќе разговараат за низа конкретни иницијативи во рамки на процесот на постепена евроинтеграција. Притоа, тој ги посочи приклучувањето кон СЕПА, партнерството за безбедност и одбрана, иницијативата за укинување на роамингот и други слични проекти, преку кои граѓаните директно ги чувствуваат придобивките од европскиот процес.

    Во изјава за националниот сервис, министерот Муцунски истакна дека, според оценките на Европската Унија, Владата по завршувањето на локалните избори покажала сериозна посветеност во спроведувањето на клучните реформи од реформската агенда.

    „Во моментов, веќе има повеќе закони во собраниска процедура, примарно насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти поврзани со реформската агенда, чие носење е поздравено од Европската Унија“, истакна Муцунски.

    Тој додаде дека позитивни оценки за Владата од страна на ЕУ се добиени и во областа на економијата и образованието, при што највисоката оценка е забележана во делот на надворешната политика, односно усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

    „Нашето место е во Брисел, нашето место е како полноправна членка на Европската Унија. Жално е што во изминатите години се соочуваме со билатерални блокади“, нагласи Муцунски, најавувајќи дека ова прашање ќе биде дел од дискусиите.

    Тој потенцираше дека Владата ќе продолжи фокусирано да работи на техничкото усогласување и исполнувањето на потребните критериуми, но истовремено ја нагласи важноста, заедно со земјите-членки на ЕУ, да се изнајде начин за надминување на билатералните пречки кои очигледно постојат.

    „Жалам што во последните недели не гледаме доволно добра волја за возврат, и покрај реформските процеси што ги спроведуваме и кои се препознаени и во Брисел и од страна на земјите-членки. Ние ќе продолжиме по нашиот пат – со фокус на домашните реформи, а во однос на билатералните прашања ќе бараме рационално решение кое нема да ги загрози националните интереси“, изјави Муцунски.

    Говорејќи за реформите, тој нагласи дека нивните ефекти најдиректно ги чувствуваат граѓаните, посочувајќи дека државата е меѓу првите во регионот во имплементацијата на дел од европските политики.

    „Доколку постои добра волја и доверба, не постои прашање за кое не може да се најде решение. Во последно време чувствуваме недостиг од добра волја од страна на Софија. Земјите-членки го следат наративот што доаѓа оттаму и очекуваме нивна поддршка во процесот на изнаоѓање решение“, заклучи Муцунски.

    Популарно

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.