Муцунски на средба со Ле Риголер - во фокусот европската интеграција на Македониј

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

Оваа средба следува по неодамнешната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, која ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер, акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата.

Двете страни разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност.

11.11.2024 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега