Муцунски на Делфи Економскиот форум во Грција

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре учествува на 10. издание на „Делфи економски форум“, што оваа година се одржува од 9 до 12 април во истоимениот град во Грција.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека во рамки на форумот, министерот Муцунски ќе се обрати на пленарна сесија на тема „Дали ЕУ–САД алијансата е надвор од поправка?“.

Форумот во Делфи, се подвлекува во соопштението, ги обединува политичките, економските, бизнис, академски и други лидери на мислење, со цел заеднички да се адресираат новите предизвици, да се влијае врз националните и регионалните агенди и да се промовираат одржливи и општествено одговорни политики за раст во Европа, поширокиот Источен Медитеран и Грција. 

10.04.2025 - 10:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега