Close Menu
Press24
    Најново

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24

    Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

    10.06.2026 во 19:52

    Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 19:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства
    • Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС
    • Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Македонија и Хрватска потпишуваат договор за стратешка соработка

    Муцунски: Македонија и Хрватска потпишуваат договор за стратешка соработка

    30.04.2026 во 15:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, во рамки на работната посета на Хрватска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

    Оваа средба претставува потврда на интензивниот политички дијалог и конструктивната соработка што двете земји ја негуваат повеќе од три децении, а се реализира во пресрет на потпишувањето на меѓувладиниот Договор за стратешка соработка, кој се темели на европските вредности, континуирано градената доверба и заемното почитување.

    На линија на искажаното задоволство од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, беше нагласен заемниот интерес за продолжување на политичкиот дијалог и соработката на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредувањето на економската соработка, модалитетите за продлабочување на трговската размена, како и проширувањето на соработката во повеќе области.

    Воедно, од наша страна беше реафирмирана благодарноста за хрватските ставови околу неопходноста од продолжување на процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, а беше изразена и нашата подготвеност за користење на хрватското искуство на патот кон полноправното членство во Европската Унија.

    Министрите се согласија дека одржувањето на зајакната координација како сојузници во рамки на НАТО претставува врвен надворешнополитички приоритет, кој се покажува како ефективен механизам за усогласување на ставовите, зајакнување на меѓусебното разбирање и зголемување на придонесот кон регионалната и евроатлантската безбедност, при што беше акцентирано дека обете држави остануваат посветени на почитување на вредностите и принципите на Алијансата.

    Средбата беше искористена и за размена на мислења за актуелни теми од меѓународните односи, регионалните случувања, како и за внатрешно-политичките и економските состојби во двете земји.

    Во изјава за медиумите, министерот Муцунски истакна дека со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба, сојузништво во рамки на НАТО и заедничка европска визија за регионот, при што уште еднаш беа потврдени традиционално добрите односи, засновани на меѓусебна почит, отворен дијалог и конкретна соработка.

    Тој нагласи дека разговорите биле посветени на повеќе прашања од билатералната агенда, со посебен акцент на претстојното потпишување на меѓувладиниот договор за стратешка соработка, чија цел е создавање модерна и функционална рамка за поинтензивна, структурирана и сеопфатна соработка меѓу двете земји.

    Во таа насока, беше потенцирано дека договорот треба да претставува практичен инструмент за унапредување на економската соработка, институционалната размена, користењето на европската експертиза и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24

    Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

    10.06.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.