Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

Во разговорот беше потврдена конструктивната и блиска соработка со САД како стратешки партнер на Република Северна Македонија, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.

Соговорниците разменија мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестиции.

Министерот Муцунски ја реафирмираше силната посветеност на Република Северна Македонија кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот.

Exit mobile version