„Мртва ладна“ украде 8500 евра во бутик во Белград (ВИДЕО)
Србин тврди дека бил ограбен во еден белградски трговски центар и дека овој случај го пријавил во полиција.
Имено, како што може и да се види на снимката, непозната жена потполно мирно зела туѓа ташна и од неа, како што тврди читателот чиј идентитет е познат на редакцијата, зела 8.500 евра.
– Ја зеде торбичката, ги извади парите и ја врати на место. Случајот е пријавен во полиција. Сакам да нагласам дека сме дојдени од странство и дека дека дел од тие пари беше наменет за операција на жената на мој пријател, рекол оштетениот.
Како што објаснил, жената му ги зела парите додека тој бил во гардеробата, а неговото дете ја чувало ташната,
– Тоа го сторила додека детето се потргнало неколу метри од торбичката, додава тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа