МПЦ: Легализација на канабисот за медицински цели е во ред, но доколку се работи за порок, тогаш не е во ред

Во врска со легализација на канабисот во земјава за рекреативни цели во туристичките места, Македонската православна црква МПЦ-ОА се уште нема заземано генерален став.

Од МПЦ за „Слободен печат“ велат дека Синодот нема дискутирано на оваа тема, односно дека чекаат конкретни насоки на кој начин би се одвивала легализацијата за да може и таму да се развие дебата по ова прашање.

„Синодот се уште нема изградено став во врска со легализацијата на марихуаната во земјава, односно луѓето кои се во Македонската православна црква немаат дискутирано на оваа тема, бидејќи се уште немаме репер кон што конкретно да се однесуваме“, велат од МПЦ.

Оттаму потенцираат дека употребата на канабисот во медицински цели би била во ред.

„Генерално, како и за секоја работа, доколку станува збор за легализација во медицински цели тогаш е во ред, но доколку се работи за порок, тогаш не е во ред. Тоа се тие општи насоки, меѓутоа не е водена дискусија на оваа тема во некоја конкретна насока“, додаваат од МПЦ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега