Можно е Радев да не се појави до Сиљановска на операта „Набуко“ вечерва

Големи се шансите бугарскиот премиер Румен Радев да не дојде на вечерашната претстава на Македонската Опера и Балет која во Софија требаше да ја игра операта Набуко.
Причина е авионската несреќа во која при уривање на борбен авион животот го загубија двајца бугарски пилоти. Настанот кој за утре беше закажан во Бугарија се одложи а големи се шансите Радев да го откаже и присуството на „Набуко“ вечерва имајќи предвид дека серија настани од неговата однапред предвидена агенда веќе се откажани. 
Повеќе детали ќе има по билатералната средба меѓу двајцата претседатели која треба да заврши во секој момент.
 

 

13.09.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега