Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Илон Маск нe штеди: Секое дете во Америка ќе добие акција од SpaceX
    • Пукотници во Сарај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сејф сити“ ги улови мотоциклистите – детектирани девет прекршоци уште првиот ден

    „Сејф сити“ ги улови мотоциклистите – детектирани девет прекршоци уште првиот ден

    01.09.2026 во 20:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Системот „Безбеден град“ отсега ќе може да ги регистрира и мотоциклистите кои прават сообраќајни прекршоци, благодарение на новото техничко решение на Министерството за внатрешни работи.

    Досега автоматската идентификација на мотоциклите при сообраќаен прекршок беше оневозможена бидејќи камерите ја снимаа само предната страна на возилата, а нивните registарски таблички се поставени одзади.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека МВР поставило дополнителна опрема на избрани локации каде што постојат соодветни технички услови.

    „Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина“, изјави Тошковски.

    Тој посочи дека се надминати и други технички проблеми, меѓу кои поставувањето камери на критични точки и идентификацијата на возила со странски таблички, а се работи и на проширување на санкционирањето на останатите гранични премини.

    Како пример го посочи преминот Табановце, каде што фреквенцијата на возила била значително поголема од првичните проценки.

    „Имавме проценка дека ќе има по 5 возила на час, а имавме по 500 возила на час“, рече Тошковски, додавајќи дека се бара решение странските возачи да ги регулираат обврските без задржување на границата.

    Министерот изнесе и статистика според која до 1 септември 2025 година имало 96 загинати лица во сообраќајот, додека во истиот период годинава бројката е намалена на 60 жртви. Тој подвлече дека целта на системот е неселективно санкционирање и спасување животи на патиштата.

    Прочитај повеќе

    ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори

    19.10.2026 во 15:44

    Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола

    19.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.