Морган Фримен открива зошто секогаш носи две златни обетки

 

Холивудската легенда Морган Фримен (87) конечно ја откри вистинската причина зошто речиси никогаш не ги вади своите препознатливи златни обетки – и не станува збор само за стил, туку за многу помрачна приказна отколку што можеби мислите.

Откако се прослави на 49-годишна возраст во филмот „ Street Smart“, Фримен ретко се гледа без златни обетки. Сепак, овој детаљ не е модна изјава, туку симбол на длабоко лично значење и – практичност.

-Често ме прашуваат за овие обетки. Вистината е дека вредат доволно за некој може да ми купи сандак ако умрам на непознато место. Затоа ги носеа и морнарите. Затоа ги носам и јас, открива Фримен.

Неговата фасцинација со златните обетки започнала како дете, кога го гледал филмот „Crimson Pirate“ со Берт Ланкастер, кој играл пират на Карибите.

-Мислев дека изгледа секси. А потоа открив дека морнарите носат златни обетки за да можат да платат за погреб ако умрат во странство. И јас сум морнар – тогаш сè кликна, изјави Фримен за „Фокс њуз“ во 2016 година.

Морска душа и обетки со значење

Фримен, кој се опишува себеси како „морнар до срж“, призна дека чувствува длабока врска со морето.

-Отсекогаш сум сакал обетка. Има врска со мојата приврзаност кон морето. Кога имав 35 години, се разведов од сопругата, а таа ми рече: Ќе ти го прободам увото. Така беше, открива Фримен.

Неговата љубов кон едрењето се родила во 1967 година, кога го добил својот прв брод и научил да плови по езеро во Вермонт. Оттогаш не престанал да плови.

10.04.2025 - 20:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега