Момче си ја запроси девојката на погребот на татко ѝ (ВИДЕО)

Нешто неверојатно беше забележано во Јужна Африка, каде што момче реши да ја запроси неговата девојка, но начинот на кој го направи тоа е бизарен.

Момчето по име Мојела објави видео на социјалната мрежа ТикТок, на кое се гледа како и изјавува љубов на својата девојка и ја прашува дали сака да се омажи за него.

Сето ова не би било невообичаено доколку ова момче не ја запроси својата девојка на погребот на нејзиниот татко.

На видеото се гледа тажна девојка која седи во првиот ред во близина на нејзиниот починат татко, додека нејзиното момче клечи пред неа.

Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи го критикуваа мажот, велејќи дека ја искористил ситуацијата додека неговата девојка не „размислила трезвено“. Многумина истакнаа дека ова е непочитување и дека целата идеја е погрешна.

– Ова е толку погрешно и нема оправдување за таков потег. Се надевам дека одбила да се омажи за тебе, напишал еден маж.

-Девојката го изгуби татко и, требаше да ја оставиш да го исплаче, не вака. Одвои момент и го допредното. Ова е непочитување и кон неа и кон нејзиниот татко, додаде друг.

@m.mojela

 

♬ original sound - M.Mojela

13.05.2022 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа