Close Menu
Press24
    Најново

    Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра

    13.05.2026 во 20:56

    На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

    13.05.2026 во 20:46

    Народниот правобранител минатата година разгледал 2.921 предмет

    13.05.2026 во 20:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра
    • На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
    • Народниот правобранител минатата година разгледал 2.921 предмет
    • Судот пресуди: „Милка“ ги измамила потрошувачите
    • Грозоморен случај во Германија: Педијатар обвинет за силување и злоупотреба на деца во болница
    • Хаос во Турција: Поплави во Самсун, 12 лица хоспитализирани
    • Руте ја предупреди Алијансата: Русија е главната закана за НАТО
    • Лидерите на 14 земји на НАТО повикаа на посилна одбрана од руски напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Молк пред гласањето во вториот круг од локалните избори

    Молк пред гласањето во вториот круг од локалните избори

    01.11.2025 во 10:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заврши изборната кампања, а од полноќ на сила е изборниот молк пред утрешното гласање за вториот круг од Локалните избори. Право на глас во овој круг имаат 1.013.375 граѓани, кои ќе гласаат на избирачки места отворени од 7:00 до 19:00 часот.

    Се гласа за градоначалници во 32 општини и за Градот Скопје.

    Во скопските општини Центар, Аеродром и Карпош, гласачите ќе добијат две ливчиња – за градоначалник на Скопје и за градоначалник на нивната општина. Во Шуто Оризари, на три гласачки места, освен за градоначалник ќе има и прегласување за советничката листа. Во сите останати општини се гласа само за градоначалник.

    Идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација (фингерпринт), кои првпат беа воведени на изборите во 2021 година, како и со важечка лична карта или пасош.

    Денеска гласаат болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор и затворениците. За ова гласање се пријавени 4.826 болни и изнемоштени лица.

    Изборниот молк, кој трае до 19:00 часот утре, забранува емитување какви било информации, фотографии или изјави поврзани со кандидатите, како и секакво известување кое може да влијае врз одлуката на избирачите.

    ДИК ќе ги објавува првичните резултати сукцесивно по електронски пат, а резултатите врз основа на записниците од општинските комисии треба да бидат објавени во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето.

    Потсетуваме, во првиот круг беа избрани 44 градоначалници. Во четири општини (Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово) изборот за градоначалник не успеа поради недоволен цензус и таму постапката ќе се повтори.

    Прочитај повеќе

    На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

    13.05.2026 во 20:46

    Народниот правобранител минатата година разгледал 2.921 предмет

    13.05.2026 во 20:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.