Модриќ со емотивна порака се збогуваше со Рамос

Реал Мадрид по 16 години ќе ги започне подготовките без Серхио Рамос, а Лука Модриќ е еден од „староседелците“ кои најтешко ќе се адаптираат на оваа промена.

За разлика од капитенот, Хрватот го прифати едногодишното продолжување на договорот со Реал, а вечерва му испрати и посебна емотивна порака на Рамос.

– Пријателе и брате, тешко ми е да се простам од тебе, од првиот ден кога пристигнав во Мадрид, ти беше посебна личност за мене. Патевме и уживавме, губевме, но пред се победувавме, а ти беше пример како капитен и соиграч. Ќе ми недостасуваш, знаеш дека остануваме пријатели, ти благодарам за се и среќно, напиша Модриќ.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

17.06.2021 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега