Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера попладне приведе 40-годишен маж кај селото Мали Влај, Струшко.
Како што информира МВР, Б.Т. бил лишен од слобода околу 15:45 часот во рамки на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

