Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) утрово упати итен апел до македонските државјани да се воздржат од патувања кон Израел и поширокиот регион поради влошената безбедносна состојба. Сите комерцијални летови се суспендирани, а воздушниот простор над Израел е затворен за цивилен сообраќај до понатамошно известување.
Од македонската амбасада во Тел Авив ги повикуваат граѓаните кои веќе се наоѓаат таму строго да ги следат упатствата на израелските власти и да останат во близина на засолништа.
„На граѓаните им се препорачува: Да останат во или во близина на заштитен простор (засолниште, безбедна соба или друга одобрена заштитена зона); да се осигураат дека го знаат најблискиот заштитен простор; да ги чуваат основните залихи лесно достапни, вклучувајќи вода, храна, лекови, комплет за прва помош, фенерче, полнети мобилни телефони“, наведуваат од амбасадата.
За итна помош, македонските државјани можат да се обратат на следните телефони:
- Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546
- МНР во Скопје: +389 75 273 732 и +389 75 268 736

