Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Многу топло, па пресврт: УХМР најави невреме – Опасност од бури во цел регион

    Многу топло, па пресврт: УХМР најави невреме – Опасност од бури во цел регион

    22.06.2026 во 11:12Updated:22.06.2026 во 11:132 Mins Read
    УХМР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претпладне времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и врнежи од град.

    Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи меѓу 10 и 18 степени, додека максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

    Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне се очекува нестабилност со можност за дожд, грмежи и засилен северен ветер.

    Минималната температура ќе изнесува околу 17 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.

    Утре, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на локално невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

    Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.

    Во среда во попладневните часови ќе има услови за развој на локално невреме, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се качи до 36 степени.

    Инаку, цел регион е зафатен од високи температури. Хрватска е погодена од силен топлотен бран кој, според моменталните прогнози, ќе трае најмалку уште седум дена. Поради топлото време и можно силно невреме Управата за заштита на природата веќе издаде предупредување за Славонија, загребскиот регион, Истра и за Кварнер.

    Посебен апел за заштита и избегнување на директно сонце помеѓу 10 и 17 часот е упатен до децата, бремените жени, постарите лица и хронично болните.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.