Младиот Христијан ќе продолжи да живее, неговиот татко без размислување го донираше бубрегот

19-годишниот Христијан Брњарчевски доби нов бубрег, кој го донираше неговиот татко. Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека по трансплантацијата Христијан е во добра состојба.

-Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот. По трансплантацијата ми е многу подобро. Повеќе не одам на дијализа, а повеќе време имам за другарите и семејството. Задоволен сум од целиот третман на лекарите кои се грижеа за мене. Пред две години трчав на маратонот во Охрид. Наредната година повторно ќе се пријавам затоа што знам дека можам! Имам повеќе сила и мотивиран сум“, вели деветнаесетгодишниот Христијан Брњарчевски од Скопје со ретката болест Алпорт синдром.

За три години на Клиниката за нефрологија изведени се 55 трансплантации на бубрези.

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот. По трансплантацијата ми е многу...

Posted by Венко Филипче on Friday, 7 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега