Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

    Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

    19.02.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Додека власта се расфрла со луксуз, брои летови со владиниот авион, патувања на море и милионски тендери, крати пари каде што не смее. Следни на удар на оваа забегана и корумпирана власт се болните од ретки болести. Парите од програмата за ретки болести се скратени за 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. Нема 3 милиони евра за пациентите, ама има за авион, за 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 74 за трета, има 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ и тендер преку пошта, изјави на прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – член на Извршниот одбор.

    „Нема за плати, нема за земјоделци, нема за болни.

    И тоа додека бројот на пациенти со ретки болести расте, владата буџетот го намалува.

    За Владата тоа можеби е само бројка во табела. Но, за пациентите – тоа е терапија што може да доцни, лек што може да недостига, третман што може да се прекине.

    Регистарот за ретки болести брои 1.093 пациенти. 240 од нив се деца до 14 години.

    Ова не се бројки, туку тажни човечки судбини, дечиња, родители кои собирале пари, оделе од болница во болница, живееле во страв дали терапијата ќе стигне навреме.

    За овие семејства секој ден е борба. За нив, здравјето не е политика – туку живот.

    Кај ретките болести, доцнењето значи влошување, а понекогаш и неповратна штета.

    Со вакви кратења за 3 милиони евра, Владата директно ги доведува во ризик овие пациенти. Ова е неправда која мора веднаш да се исправи.

    СДСМ бара итно и неодложно зголемување на парите за програмата за ретки болести, најмалку на нивото од минатата година, со дополнителни средства согласно зголемениот број пациенти.

    Време е да се прекине луксузот на власта и да се поддржат најранливите“, додаде Младеновска.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.