Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Статистички имаме најниски цени на горивата

    09.07.2026 во 14:01

    Топлотни бранови ја пржат Европа – регистриран најтоплиот јуни во историјата

    09.07.2026 во 13:57

    Мицкоски: Се што сакате ќе прифатиме само да гласа дијаспората

    09.07.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Статистички имаме најниски цени на горивата
    • Топлотни бранови ја пржат Европа – регистриран најтоплиот јуни во историјата
    • Мицкоски: Се што сакате ќе прифатиме само да гласа дијаспората
    • Шок во судницата во Куманово: Ги убивал жените па вршел полови дејства
    • Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат
    • Гледаше само во таванот и не одговараше ништо – почна судењето на серискиот убиец во Куманово
    • Куманово: Убил 4 жени поради некрофилија – во судница гледаше само во таванот
    • Бугарите загрижени по изјавите на новиот унгарски премиер Маѓар за Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младеновска: Дали власта се обидува да го заташка скандалот со операциите?

    Младеновска: Дали власта се обидува да го заташка скандалот со операциите?

    16.11.2025 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники.

    Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи, изјави на денешната прес-конференција Рената Младеновска, членка на извршниот одбор на СДСМ.

    Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои се лекарите, кои се приватните клиники.

    Се крие од јавноста кој од докторите дал индикации за операциите. И сè уште нема поднесено ниту една кривична пријава.

    Не може злоупотреба на здравствената професија за профит на поединци вака да се третира.

    Што се чека?  Како некој да се обидува да го заташка овој монструозен случај.

    Дали некому му се дава време да ги сокрие трагите, да „исчисти“ документи?

    Вакво однесување е неспоиво со одговорна, транспарентна и сериозна држава.

    Емоцијата на скандалот е поголема од бројките затоа што станува збор за човечки животи. Зборуваме за луѓе кои преживеале пекол а сега дознаваат дека нивната операција била непотребна. Дека некој ги гледал како профит, како средство за нечие богатење.

    Не може вакви скандали да се заташкаат.

    СДСМ ќе се бори за објавување на целата вистина и за одговорност.

    Бараме:

    1.Итно јавно објавување на извештајот, во фазата во која се наоѓа, без доработки и без прикривање.

    2.Објавување на сите имиња на доктори кои дале индикација за операциите. Ова е клучно за понатамошната разврска на случајот.

    3.Објавување на имињата на сите приватни клиники и субјекти вклучени во процесот и носењето одлуки

    4.Веднаш поднесување кривични пријави без никакво одложување.

    5.Психолошка и правна поддршка за пациентите и за семејствата кои поминале низ овој кошмар.

    Ова е тежок скандал кој мора да биде третиран со максимална транспарентност и максимална одговорност.

    Јавноста ја заслужува целата вистина. Секој што учествувал во овој монструозен синџир мора да одговара, дополни Младеновска од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Стојановски: Инфлацијата се намалува – мерките на владата даваат резултат

    09.07.2026 во 13:23

    Левица: Власта не може истовремено да е предлагач, арбитер и жртва

    09.07.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.