ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(25) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

При контрола на патничко возило „мерцедес“, во кое се превезувала, полициските службеници ја забележале С.С. како низ прозорот од возилото, исфрла пакување со марихуана, која е пронајдена и одземена.

Exit mobile version