Предметот за осудениот Стефче Јакимовски е вратен од Врховниот суд на Република Северна Македонија на повторно постапување, откако судот донел пресуда со која претходната постапка се враќа на повторно одлучување.

Поради ваквата одлука, Кривичниот суд веднаш ќе ја извести затворската установа дека осудениот се ослободува од понатамошно извршување на претходно изречената санкција. Тоа значи дека Јакимовски нема да треба да се врати на издржување на затворската казна по претходната пресуда.

Тој во моментов се наоѓа на прекин на издржувањето на казната, одобрен од управата на затворот поради здравствени причини. По одлуката на Врховниот суд, предметот повторно ќе се најде пред надлежниот суд, кој ќе треба повторно да постапува и да донесе нова одлука.

Exit mobile version