Млад стружанец загина во сообраќајка на Велигден, пријателите се збогуваат преку социјалните мрежи

 

Вчера во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.

„На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

На социјалните мрежи пријателите со трогателни пораки се збогуваат од починатиот Мирко Миноски.

17.04.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега