Close Menu
Press24
    Најново

    Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови – имаме план како да се справиме со ситуацијата

    06.04.2026 во 19:04

    Велешани направија хаос: Се испотуркаа за бесплатни јајца – интервенираше полицијата

    06.04.2026 во 18:55

    Се огласи и Оливер Спасовски: Ова е срамно

    06.04.2026 во 18:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови – имаме план како да се справиме со ситуацијата
    • Велешани направија хаос: Се испотуркаа за бесплатни јајца – интервенираше полицијата
    • Се огласи и Оливер Спасовски: Ова е срамно
    • Нов удар по џебот на трговците: Иран ќе наплаќа такса за премин низ Ормускиот Теснец
    • Екс градоначалник заработи кривична – со уште еден го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
    • ФОТО: Сопругата на Максим Димитриевски прослави роденден – градоначалникот и упати емотивна порака
    • Писателката Ксенија Николова стана магистер по вторпат: „Бариерите на жените во политичките лидерски улоги“
    • Данела Арсовска: Орце Семка патеките во Скопје ги пријавил како дивоградби – брат сериозен си?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови – имаме план како да се справиме со ситуацијата

    Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови – имаме план како да се справиме со ситуацијата

    06.04.2026 во 19:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде  се осврна на владините мерки за цените на горивата, за што истакна дека кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Митева напомена дека е горда на Владата, затоа што, како што вели таа, навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата.

    ,,Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните“, вели Митева.

    Како што вели таа, Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.

    ,,Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација“, рече Митева.

    Популарно

    Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови – имаме план како да се справиме со ситуацијата

    06.04.2026 во 19:04

    Велешани направија хаос: Се испотуркаа за бесплатни јајца – интервенираше полицијата

    06.04.2026 во 18:55

    Се огласи и Оливер Спасовски: Ова е срамно

    06.04.2026 во 18:48

    Нов удар по џебот на трговците: Иран ќе наплаќа такса за премин низ Ормускиот Теснец

    06.04.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.