Митева: СДСМ и Царовска создадоа хаос во образованието
Наместо МОН да претставува извор на вистинити податоци, ние сме сведоци дека тоа претставува институција која ревносно се труди да ги сокрие недостатоците. Од самиот почеток до денес. Преку националната платформа која ја презентираа како успешна, до бројот на ученици кои не следат онлајн настава, па до бројот на средношколци кои деновиве бојкотираат, истакна вечерва во „Коментар на денот“ Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден нерешен проблем раѓа 100 нови, и свесни сме дека денешните актуелни случувања се само резултат на низа ваши неуспешни политики во образованието. Не видовме никаква одговорност за неуспешната онлајн настава, учениците кои немаат услови за следење на истата се оставени сами на себе, и за ова нема ниту помош од државата ниту одговорност. Скандалозната концепција за основно образование се уште се обидуваат да ја протуркаат на сила. Но, по се изгледа дека желбата за фотографирање е поголема од се, па денешното поставување на заштитни проѕирни паравани треба да го проследиме како успех од невидени размери во образованието. Истражувањата кои ги спроведуваат младинските образовни организации покажуваат големо незадоволство од начинот на кои се одвива наставата оваа година, па согласно тоа и барањата на Сојузот на средношколци се логични, издржани и аргументирани. Ученици, имате наша поддршка. Вие не заборавате дека министерката Царовска ви вети скратени програми за полагање матурски испит. Но, за волја на вистината од испитната програма предмети со скратени програми скоро и да нема. Од една страна декларира потреба од реформи за стекнување знаења на европско ниво, а всушност одобрува полагање на матура со ниско ниво на знаења, истакна Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа