Митева: Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки

 

 

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека Владата не им помага на граѓаните, чии плати се многу ниски, додека трошоците за живот се превисоки.

„Почитувани,

Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на месечните сметки за струја, телевизија и останати трошоци. Работите што сме ги купувале минатата година се со видливи дупло повисоки цени оваа година. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е!

Плаќаме даноци и патарини, а Владата не инвестира во патишта. Нашите пари завршуваат во криминал и корупција. Економската моќ е полоша, народот има помалку пари, додека власта се грижи за своите партиски и бизнис интереси. Затоа што премногу е!

Државните институции постојат за нас, но ние не ја добиваме услугата што ни следува. Целиот наш живот ги почитуваме редот и законите, но тоа не важи и за овие од власта. Се однесуваат недостоинствено наместо да покажат почит кон македонската држава. Наместо квалитет имаме корупција и неефикасност. Врските и протекциите се погласни од професионализмот. Хаосот и безредието ги заменуваат редот и транспарентноста. Тоа не е односот на институциите кон нас, туку вината е на неодговорната власт која раководи со институциите. И во состојба кога молкот не смее да биде опција да ги кажеме работите гласно за да ги промениме.

Почитувани,

Ова се прашањата кои секој еден од вас треба да си ги постави, а за кои со сигурност знаеме дека секој еден човек го знае одговорот. Денес, за разлика од пред една година нашите џебови се попразни, криминалот и корупцијата владеат насекаде, нема перспектива, а народот се чувствува понижен. Прашалници со сите овие прашања ќе бидат доделени до вас. Без разлика колку и да се очекувани одговорите, за разлика од оваа власт, на нас ВМРО-ДПМНЕ ни се исклучително важни вашите ставови и вашиот глас. Гласно за промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија“, вели Митева.

14.06.2022 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега