Од организациски аспект, ова е голем зафат, затоа што многу голема организација и многу голем број на луѓе се зад камерите, за се ова да изгледа достоинствено, да изгледа според мене величествено и да може да се направи една ваква силна организација”, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Митева се осврна на активностите кои траат цел месец за одбележување на 35 години независна Македонија и истакна дека целта на владата била да се направи манифестација која што ќе биде од висок ранг, ќе остави трајни вредности и, како што кажа, ќе остави огромна трага во културната историја на Македонија.

Митева посочи дека поради безбедноста и добриот проток на очекуваните присутни граѓани на настанот на 8 септември, се направил систем со кој, како што кажа, предвремено ќе може да се анулираат сите недостатоци коишто би се појавиле во текот на денот.

„Навистина, поради безбедност која што мора да биде приоритет на владата, за да не се доведеме до ситуација во која што граѓаните можеби отпосле ќе поставуваат прашања зошто не предвидовте дека ќе има огромни редици пред самиот влез на Градскиот стадион. Одлучивме да се направи еден систем којшто не е за првпат измислен, туку постои при организирање на вакви, би кажала големи настани. Да пробаме да, предвремено, некако ги анулираме сите недостатоци коишто можеби би се појавиле во текот на денот”, рече Митева.

Митева нагласи дека очекува спектакуларен настан, односно кулминација на денот на независноста, а пред неа претходеа сет на настани коишто се одвиваа по повод 35 години независност.

„Целта на владата уште на самиот почеток не беше да завршиме со една, би кажала протоколарна прослава којашто ќе заврши со положување на свежо цвеќе или некоја централна свечена академија во рамки на институциите. Целта беше навистина да го мобилизираме она чувство на припадност, затоа што независноста не припаѓа на институциите, ниту на владата сама по себе, туку припаѓа на граѓаните”, посочи Митева и додаде:

„Од таму и тргнавме и ценевме дека колку поблиску ја приближиме прославата до граѓаните преку вакви настани ширум Македонија, толку повеќе ќе може да почувствуваат дека ова е наша заедничка држава, дека заедно прославуваме и дека прославата е близу до граѓаните”.

Exit mobile version