Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:25

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија
    • Трамп го преименува езерото Онтарио во Езеро Америка
    • Три хороскопски знаци кои градат успешни кариери
    • Кој печател лажни возачки дозволи?
    • Не чека пеколен празничен ден – температури близу 40
    • Тргнува скопскиот градски воз: Објавен возниот ред
    • Трамп сега веќе не сака да преговара со Иран
    • Тошковски: Кога ќе можеме ќе ја информираме јавноста кој печател возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митески со практично решение за паркинг: Воведува еднонасочни улици и 800 нови места за шест месеци

    Митески со практично решение за паркинг: Воведува еднонасочни улици и 800 нови места за шест месеци

    28.10.2025 во 12:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави конкретно и реално решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот. Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

    „Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.

    Оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром:

    Прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица.

    Второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики.

    И трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.

    „Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, порача градоначалникот.

    Со оваа иницијатива, Општина Аеродром покажува дека вистинското лидерство не значи само да се ветуваат големи проекти, туку да се реализираат паметни и остварливи решенија кои носат непосредна корист. Новиот режим на сообраќај ќе почне да се применува постепено во најоптоварените делови од општината, со цел да се обезбеди ред, безбедност и подобар квалитет на секојдневниот живот за сите жители.

    Прочитај повеќе

    Тргнува скопскиот градски воз: Објавен возниот ред

    27.08.2026 во 22:07

    Стефковски: По 60 години реконструирана е улицата „Жан Жорес“ во Маџари

    27.08.2026 во 15:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.