Мислел дека има вода во увото - лекарката се запрепастила кога видела во што е проблемот

 

Зејн Вединг  мислел дека има вода во увото. Инсектот кој му го извадиле од истото го подарил на докторот за спомен.

На маж од Нов Зеланд од увото му била извадена бубашваба, три дена откако почувствувал дека нешто мрда.

Тој мислел дека му влегла вода во увото бидејќи бил на пливање до локалниот базен во петокот вечерта и заспал на каучот попладнето. Се разбудил со затнато уво и почувствувал дека нешто мрда, пишува Гардијан.

Во саботата отишол на миење на увото, добил антибиотици и му било кажано да се врати ако и понатаму почувствув мрдање.

„Веднаш беше полошо“, рекол Вединг.

Повеќе не можел да слуша на тоа уво, а не можел ниту да спие. Поради тоа закажал преглед на ушен лекар.

Лекарката го примила во понеделникот.

Штом го погледнала во уво рекла: „О, Боже...мислам дека имате инсект во увото“.

Неколку минути подоцна со помош на пинцета, од неговото уво била извадена бубашваба, која ѝ ја подарил на лекарата како спомен, затоа што никогаш претходно немала извадено инсект во увото.

13.01.2022 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега