Мисајловски во Словенија - Тет-а-тет средба со Сајовиц
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска е во официјална посета на Словенија. Посетата е на покана од неговиот словенечки колега, министерот Борут Сајовиц, а во рамки на посетата, Мисајловски ќе се сретне и со Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.
По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации.
На гробиштата Жале во Љубљана, министерот Мисајловски ќе положи венец со свежо цвеќе како почит кон паднатите словенечки борци во Десетдневната војна во 1991 година, а потоа во вилата Подрожник, ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција кои беа активно вклучени во борбата со пожарите на македонска територија минатото лето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа