Мисајловски: Ветуваа 18.000 денари минимална плата во јануари, еве дојде февруари
-Оваа влада ветуваше дека во јануари оваа година 18.000 денари минимална плата ќе биде реалност. Еве завршува месецот, а од ова ветување нема ништо, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Гледаме дека министрите кои се задолжени за ова прашање бегаат од темата. И кога ќе видите дека ова прашање почнува да се дебатира они почнуваат со некој нивни балон да се смени темата. Платата колку и да биде фитивно тоа зголемување, најголемиот проблем е тоа што потрошувачката кошничка во Македонија е поскапена. Сите производи се со зголемени цени и природно е да се зголемува платата, бидејќи со таа плата не може целосно да се издржи. Јас сум за да се зголеми платата, но дали тоа може да го издржат и компаниите? Имате покачување на струјата, а владата не им помага на стопанствата, не помогна на ниту еден стопански субијект, истакна Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа