Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски: Регионалните тензии не се директна закана за Македонија, НАТО гарантира безбедност

    Мисајловски: Регионалните тензии не се директна закана за Македонија, НАТО гарантира безбедност

    01.10.2026 во 20:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија не се соочува со директна безбедносна закана и покрај зголемените регионални и глобални тензии по руската агресија врз Украина, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој посочи дека одреден ризик секогаш постои, особено доколку земјата остане надвор од европските интеграции, но нагласи дека како членка на НАТО државата ги ужива сите безбедносни гаранции на Алијансата.

    Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашањето дали земјата би била изложена на ризик со оглед на безбедносните предизвици во регионот по руската агресија врз Украина, Мисајловски рече дека постои одреден ризик, но оти тој не треба да се создава загриженост.

    – Би постоел одреден ризик, апсолутно. Но, дека тоа директно би се прелеало кај нас и би станало сериозен безбедносен предизвик, не мислам. Не треба да ја заплашуваме јавноста. Ние водиме мирољубива политика и како земја-членка на НАТО ги уживаме сите безбедносни гаранции што важат за останатите членки. Секоја закана што би се појавила, без разлика дали е надворешна или внатрешна, доколку влијае врз безбедноста на Алијансата, е предмет на заедничко дејствување – рече министерот.

    Тој нагласи дека Македонија континуирано вложува во одбраната и безбедноста како рамноправен партнер во Алијансата и има конкретна корист од соработката со сојузниците.

    – Вложуваме средства за да бидеме рамноправен партнер, работиме на заеднички обуки, разменуваме информации и искуства, што им користи и на другите земји-членки, но и на нас. Кога ќе видите одредени операции што се спроведуваат во државата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и други институции, особено во спречувањето на терористички закани, големо значење има размената на информации со партнерите во НАТО. Тоа е дел од пошироката слика за безбедноста – рече министерот Мисајловски.

    Осврнувајќи се на европските интеграции, тој оцени дека поголем ризик за државата би претставувало евентуалното останување надвор од Европската Унија, иако не смета дека тоа автоматски би значело директна безбедносна закана.

    – Доколку го споредиме членството во Европската Унија со сегашниот статус, јасно е дека постои поголем ризик доколку останеме надвор од европските интеграции. Но, дали тој ризик е толку сериозен што директно би ја загрозил Македонија? Не верувам дека тоа ќе се случи – истакна Мисајловски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.