Мисајловски од Куманово: Луѓето велат дека ваква ненародна власт не заслужува никогаш повеќе да ја добие довербата од граѓаните

Носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски во рамките на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори денеска одржа средба со граѓани на Куманово во Соколански парк.

Пред граѓаните Мисајловски ги презентираше проектите и заложбите на ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада.

Во Соколански парк остварив средба со жителите од околината на населеното место Соколана, Куманово. Населението е апсолутно сигурно во победата на ВМРО-ДПМНЕ која што следува 15-ти јули, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Велат дека ваква ненародна власт не заслужува никогаш повеќе да ја добие довербата од граѓаните. Покрај манипулациите и лажните ветувања, СДСМ и Заев го понижија македонскиот народ и за тоа мора да следи казна. Токму затоа овие луѓе силно не поддржуваат во борбата за #ОбноваНаМакедонија и на 15-ти јули ќе го заокружат бројот 14 и ќе ги испратат СДСМ и Заев на буништето, вели во својата објава носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2

Црната приказна завршува, доаѓа обновата на Македонија!

Исправи се Македонијо!, порачува Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега