Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски: Македонија е безбедна и стабилна држава, следува голема модернизација на Армијата

    Мисајловски: Македонија е безбедна и стабилна држава, следува голема модернизација на Армијата

    24.08.2026 во 21:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата.

    – Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. Сепак, колективната безбедност е заедничка. Дали сме способни? Апсолутно. Јас морам да ја пофалам Армијата бидејќи сме институција со најмногу вежби, со најмногу придонес. Секојдневно учествуваме во различни мисии и навистина сме спремни за сите предизвици, изјави министерот Мисајловски.

    Во интервју за Тема на денот на ТВ Сител, Мисајловски рече дека се менуваат стретешките документи, а со тоа ќе се зголеми и нашата борбена моќ. – Тоа значи дека ќе можеме да набавуваме нови системи и тоа ќе биде многу скоро. И она што моментално го размислуваме и го работиме и набрзо ќе има и такви договори се во противвоздушната одбрана. Се разбира, тука се и дроновите кои на различни начини ќе ги набавиме. Имаме состаноци да видиме дали може да има и македонски дронови, со македонски компании. На тој начин средствата што се одвојуваат до нас од Министерство за финансии, од сите граѓани, како да ги употребуваме да вложуваме во македонски компании за да се развива воената индустрија – најави Мисајловски.

    Министерот рече дека би било добро дел од средствата од Буџетот што се одвојуваат за одбрана да може да добиваат и македонски компании со развој на воена индустрија. Мисајловски ги повика експерите и пратениците да придонесат за развој на оваа идеја.

    -Веќе има неколку компании. Од утре почнуваме да се гледаме со компании на оваа тема и тие да дадат инпут како ова да го направиме за да видиме дали тие средства да останат тука. Секоја земја го прави тоа. Отвораат свои фабрики, инвестираат во свои фабрики. Мислам дека и ние натаму треба да гледаме, рече министерот за одбрана.

    Тој посочи дека стигнува многу опрема како и сите возила, меѓу нив и страјкерите што до крајот на месецот ќе бидат ставени во употреба, а за хелихоптерите Леонардо рече дека до крајот на годината треба да стигнат два, а во наредните години сите осум. Стигнати се и дел од мистрал системите.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

    20.10.2026 во 22:00

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.