Легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, денеска итно е примен во Ургентниот центар во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Иако Илиќ важи за еден од најенергичните пејачи на својата возраст, неговата ненадејна здравствена криза ги крена на нозе неговите обожаватели низ целиот Балкан. Лекарите веднаш му укажале помош, но засега нема официјални информации за точната дијагноза или причината за хоспитализацијата.
Само пред неколку дена, Илиќ јавно изрази жалење за здравствената состојба на својата колешка Зорица Брунцлик, истакнувајќи дека не сака да му пречи на нејзиното семејство во овие тешки моменти. Сега, иронично, и тој самиот се најде во болничка постела.

