На Копаоник утрово беше измерена температура од минус два степени
Снегот што од синоќа на Копаоник континуирано и интензивно паѓаше, формираше снежна покривка, а сите што се најдоа на оваа српска планина уживаа во снежната магија.
Исто така, утрово на оваа планина беа измерени -2 степени, а тоа беше најниската температура измерена во Србија. Судејќи според сè, зимата пристигна со првите денови од есента, а луѓето се воодушевени од сцените од зимската идила.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде предупредување за ридско-планинските региони на јужна и источна Србија за снег и формирање снежна покривка денес и утре.