Министерот за здравство: Штом слушнавме за случајот со Јана, веднаш постапивме - сега чекаме информации

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека го чекаат исходот од надзорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот во битолската клиничка болница каде пред два дена почина петгодишно девојче. Тој очекува до крајот на денот да имаат и конкретни информации.

„Штом слушнавме, веднаш постапивме. Инспекциските служби се таму, чекаме информации. Со семејството немавме контакт. Чекаме исход од ДСЗИ и веднаш ќе бидете известени за целото постапување“, изјави министерот Меџити.

Петгодишната Јана почина завчера (среда) во Клиничката болница во Битола. Директорот Александар Обедниковски рече дека таа била донесена дехидрирана со покачена температура, повраќање и со оток на очите.

Тој и неговата сопруга убедени се дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот ѝ е 9. По инфузија, шеќерот ѝ се качил на 19 и состојбата ѝ се искомплицирала, а по три часа, им соопштиле дека починала.

24.03.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа